„Унилевер“ во соработка со Елтон Џон лансираа нова кампања за брендот Marmite.
Целта на кампањата е промовирање на фондацијата „Елтон Џон АИДС фоундајшн“ која работа на подигнување на свеста за превенција и лекување од ХИВ вирусот.
Како дел од кампањата лансирано е специјално пакување на Marmite кое е инспирирано од легендарниот настап на музичарот на „Доџер стадиум“ во Лос Анѓелес во 1975 година.
Со лансирањето на новото пакување додаваме сјај и гламур на појадоците. Како еден од омилените намази за појадок на Елтон Џон моравме да го прославиме еден од неговите највпечатливи настапи. Сигурни сме дека нацијата ќе го обожава новиот колекционерски примерок, изјави Георгина Брадфорд, директорка на маркетинг за „Унилевер нутришнк“ за ОК и Ирска.
Кампањата е лансирана како дел од тригодишната соработка која е вредна 764.000 фунти и која започна кога фановите на пејачот забележале голем број на пакувања од Marmite на една фотографија која пејачот ја објавил на „Инстаграм“.
Досега ова е трето специјално пакување која е направена во соработка со Елтон Џон.
Извор: Instore.rs
Фото: „Унилевер“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.