Маркетинг

Фото-кампања на Gurmano од најмагичните предели на Македонија

09 Dec 2020

Невообичаена и интересна кампања на брендот Gurmano ги освои социјалните мрежи, прикажувајќи живописни фотографии од најмагичните предели на Македонија. Оригиналноста први ја препознаа љубителите на добра фотографија – на останатите, кампањата им укажа на преубавите краеви во нашата земја што можат да ги посетат во време кога сме принудени да се затвораме во сопствените граници.

Под хаштазите #domasiedoma и #gurmano, Gurmano испрати гурмански поздрави од Магаро – врвот на Галичица со импресивниот поглед на двете езера, Тресонче – родното место на Дичо Зограф, Штавица – македонскиот Холивуд, Јелак –  шумскиот предел на магичната Шар Планина…Претставувањето на убавини и вкусови ќе продолжи во есенскиот и зимскиот период, со надеж дека ќе инспирира многумина да уживаат во нив.

Кампањата почна на 3 јули. Досега се објавени над 50 фотографии во стилот на старите разгледници. Креатор е агенцијата „Кликер маркетинг“.

Сакавме да покажеме дека и во вакво време може да се креира нешто ново, креативно, и позитивно. Спојот меѓу домашниот бренд Gurmano, македонските специјалитети и природни убавини претставени преку авторски фотографии се покажа како полн погодок. Кампањата многу брзо стана препознатлива и споделувана, изјави Верица Мартиновска, директорка на „Кликер маркетинг“.

Производите на Gurmano се 100% македонски, со суровини добиени главно од Пелагонискиот регион кој преку цела година е исклучително погоден за одгледување  градинарски култури. Меѓу нив е и пиперката куртовска капија, чиј благ и месест плод со голема концентрација на витамини, шеќери и протеини е главна состојка на производите на Gurmano. Брендот е познат по својот модерен дизајн, совршен квалитет и оригиналните македонски рецепти во производството на зимница.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...