Со Слободан Кутревски, првиот извршен директор на компанијата, разговаравме за работењето на „Пекабеско“ во изминатите четири месеци, за остварените резултати во период кога владее тешка состојба во државава, неработат голем број субјекти, а голем број потрошувачи седат дома.
Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk
Како компанијата „Пекабеско“ работеше во изминатиов период од почнувањето на пандемијата предизвикана од коронавирусот?
Работењето на „Пекабеско“ во изминатиов период, од јануари до април, во кој се појави пандемијата се карактеризира по тоа што вкупната финансиска реализација е на ниво на остварувањата за истиот период од минатата година. Тоа значи дека не се остварени планираните резултати, иако на материјален план вкупната реализација покажува благ пораст од 4% во споредба со истиот период од минатата година.
Не се остварени планираните резултати, иако на материјален план вкупната реализација покажува благ пораст од 4% во споредба со истиот период од минатата година.
За колку проценти е зголемена потрошувачката за месните производи? Дали се соочивте со проблеми за набавка на суровини?
Што се однесува на реализацијата само на сувомесните производи за периодот од јануари до април, таа бележи пораст од 11% во однос на ланскиот соответен период и е над планираното за овој период од годината. Тој процент би бил поголем доколку не потфрли малку извозот во април поради воведувањето на различни мерки на ограничувања кај земјите од Западен Балкан. И покрај тоа потфрлање извозот за четири месеци бележи пораст од 7%, а дома реализацијата бележи пораст од 14%. Севкупно реализацијата за четири месеца бележи пораст од 11% во однос на истиот период од минатата година што преставува пораст за 2% повеќе од планираното за овој период од годината.
Владата објави три сета мерки за помош на бизнисите, а последната мерка е платежна картичка за граѓаните со која ќе можат да купат македонски производи. Колку оваа мерка навистина може да им помогне на македонските производители?
Очекуваме, веројатно како и сите правни лица во државата, производители и трговци, да се зголеми пласманот на нивните стоки и услуги, а со тоа да се даде малку ветер во грб на сите нас. Тоа е добредојдено по овие, еве веќе, два месеца тешка состојба во државава со неработење на голем број субјекти и со седење дома на голем број потрошувачи.
Сметате ли дека доколку македонските маркети, по примерот на тие од БиХ, одвојат поголем простор за македонските производи би му помогнале на македонското производство
Секако дека во тој случај ќе се зголеми реализацијата на домашните производи, но да не заборавиме дека во таков случај и нашите производи кои ги има во маркетите во другите држави ќе ги снема на тамошните полици. Бидејќи ќе треба да очекуваме реципроцитет. Па затоа пред да се донесе една таква одлука треба да се размисли колкава ќе биде користа, а колкава ќе биде штетата од неа.
Секако дека доколку македонските трговци одвојат повеќе место за македонските производи, ќе се зголеми реализацијата на домашните производи, но може нашите производи кои ги има во маркетите во другите држави да ги снема на тамошните полици.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.