Локално

К. Теодосијадис: Горд сум на трајното влијание што го имав врз малопродажбата и врз економијата

06 Jul 2022

Kонсантинос Теодосијадис, генерален менаџер на „Тинекс“, неодамна објави дека на крајот на јуни ја завршува својата долгогодишна кариера во малопродажбата, по 26 години работа во државава. По повод завршувањето на неговата речиси три децениска кариера тука, InStore  направи ексклузивно интервју со Теодосијадис, во кое тој зборува за постигнатото досега и за плановите во иднина. Ви го пренесуваме на македонски и подолу на англиски јазик. 

Приказната на Теодосијадис во Македонија започна во 1996 година, кога дојде како репрезентативен директор и генерален менаџер за ДООЕЛ „Веропулос". На чело на „Веро“ беше од 1996 до 2016 година. Од 2016 до сега го предводеше работењето на „Тинекс“. Пред да се придружи кон тимот на „Веро", неговата кариера вклучуваше работа на позициите генерален менаџер и CEO во холандската и интернационална трговска компанија „К Макс" СА, директор во „Марк & Спенсер" во рамки на „Маринопулос" – Грција, а бил и генерален директор и сениор партнер во „Крета Олимпијас" СА – Грција, фирма за производство на вино и за увоз-извоз. 

Разговараше: Сунчица Стојановска Зоксимовска, sunchica@instore.mk 

Најавивте дека по 26 години работа на малопродажниот пазар ќе ја завршите кариерата/ќе се пензионирате на крајот на јуни. Дали вие лично сакате да се пензионирате?

- Најпрво, би сакал да му се заблагодарам на InStore што ми даде можност да се навратам на моето патешествие во оваа земја. Како и со сѐ во овој живот, секоја визија, акција, напор, создавање и освојување на целите, без разлика какви се тие цели, секогаш доаѓа до својот крај. Најважниот аспект на едно животно и работно патешествие е тоа што го оставате зад вас и мислам дека во текот на овие 26 години оставив свој траен белег, бев прифатен и добив признание за мојата работа од сите со коишто сум соработувал. Мојата објава на LinkedIn, не се однесуваше на моето пензионирање, туку дека едно големо поглавје во мојот живот се затвори и го сигнализира почетокот на новото. Сè уште се чувствувам активен и енергичен и сè уште можам да го искористам моето огромно искуство и техничко знаење, можеби во различен амбиент и под соодветни услови. Како што знаете, овде постојат рестриктивни правила на трудовото законодавство кои не дозволуваат да продолжите да работите по одредена возраст. Засега ќе направам пауза и ќе се одморам, ќе поминувам повеќе време со моето семејство и по летото ќе ги разгледам моите следни чекори.

Какви резултати ќе оставите зад себе по работата кај нас? Конкретно, со што се гордеете?

- Од вашето прашање може да се заклучи дека како менаџери сите сме фокусирани само на бројки и резултати. Сепак, не се само бројките тие што го одредуваат успехот во нашата индустрија. Лично, најмногу сум горд на трајното влијание што го имав врз малопродажниот пазар и економијата во целина. Овие 26 години што ги посветив на развојот и проширувањето на малопродажниот пазар зборуваат сами за себе. Кога првпат дојдов во Скопје, есента 1996 година, малопродажниот пазар сè уште беше во зародиш. Поддржани од тим страсни и професионални партнери, успеавме радикално да ја промениме мапата на малопродажбата во земјата и да поставиме нов стандард за водење бизнис преку воспоставување на нови и иновативни принципи низ целиот спектар. Сепак, и покрај многуте предизвици, никогаш не се исплашив од никаква пречка, иако се соочив со многу, честопати сам во моите почетоци. Се соочив со секој предизвик, без многу насоки, со цел да ја воспоставам мојата визија и да ги постигнам резултатите што ги посакував. Да не заборавам, јас бев еден од првите странски бизнисмени кои дојдоа во земјава, а особено како Грк тие денови беа многу поинакви, а понекогаш и непријателски.

Сè уште се чувствувам активен и енергичен и сè уште можам да го искористам моето огромно искуство и техничко знаење, можеби во различен амбиент и под соодветни услови.

Гледајќи наназад на различните големи кризи со кои моравме да се соочиме како 1999, 2001, 2008 година и некои помали предизвици, со секоја се соочив како професионалец, но и како обичен, семеен човек. Со секоја тешкотија, ја зајакнував мојата решителност, така што сите мои напори и оние околу мене никогаш не го изгубија својот правец. Никогаш не отстапив, секогаш бев во првите редови и сакав да ги инспирирам моите луѓе затоа што верувам дека најголемата сила во секоја компанија е нејзината работна сила. Како лидер, уживав во развивањето, водење и пренесување на моето знаење за да ги инспирирам и да создадам добри и достојни менаџери. Многу од луѓето на кои им помогнав да се промовираат и да се развијат, продолжија да работат за големи реномирани компании, а некои дури и да создадат свои компании. Би сакал да додадам уште нешто, во работата, но и во мојот приватен живот секогаш се трудам да бидам во согласност со најновите случувања поставени од пазарот и светските лидери и иноватори во индустријата. На ист начин како што преминавме од јавање коњи, до согорување јаглен и дизел, пред конечно да дојдеме до електрични возила, мојата филозофија да бидам прогресивен, во минатото се судруваше со мислењата на оние кои веруваа во регресивни идеи и кои сакаа да не вратат од „ерата на електричните автомобили“ назад до „коњите“.

Севкупно, универзалното признание и благодарност што се рефлектира во мојата работна етика, професионализам и напорната работа што ги добив од соработниците, партнерите, па дури и од конкурентите, ме прават горд за она што го постигнав.

Што ќе биде во фокусот на вашето внимание по 1 јули? Дали ќе бидете достапни во каква било форма (како советник или слично) да ги споделите вашите искуства во продажбата на мало?

- Рано е да се каже што ќе правам по јули. Најпрво сакам да одморам малку и да одам на одмор со моето семејство и да поминувам повеќе време со моите деца кои живеат во странство и кои не сум имал можност да ги посетувам толку често во последните години. Поради природата на мојата работа и моите обврски не можев да посветам повеќе време на други активности во кои уживам. Затоа сега, со оглед на тоа што имам можност, ќе им се препуштам без ограничувања. Што се однесува до мојата иднина во малопродажбата, времето ќе покаже.

Севкупно, универзалното признание и благодарност што се рефлектира во мојата работна етика, професионализам и напорната работа што ги добив од соработниците, партнерите, па дури и од конкурентите, ме прават горд за она што го постигнав.

 

Имавте одлична соработка со InStore. Според вас, колку се важни трејд - магазините како InStore за понатамошен развој на FMCG-индустријата?

- Трговските списанија како што е InStore се корисен дел од индустријата и играат важна улога во споделувањето вредна експертиза преку истражување и промовирање на развојот на производите особено за оние поврзани со FMCG. Во денешното глобализирано и конкурентно деловно опкружување, тој инспирира специјализирани знаења и најдобри практики неопходни за развој на менаџментот и маркетингот. Покрај тоа, ги истакнува потрошувачките трендови и нуди предлози и решенија кои се корисни за бизнисите кои сакаат да напредуваат во денешниот динамичен свет. Со истакнување на новите пазарни трендови, малопродажните бизниси можат подобро да се подготват и да се информираат за тоа како најдобро да се прилагодат на новите и идните потреби на малопродажниот пазар. Истовремено, им дава насоки на добавувачите за тоа како да ги подобрат методите на дистрибуција на производите, оперативното управување и испораката. Според мене, списанијата како вашето се од суштинско значење за учесниците на пазарот, трговците на мало и добавувачите кои се присутни на пазарот, па беше апсолутно задоволство да се соработува со вас.  

 

K. Teodosiadis: I am most proud of the lasting impact that I have had on the retail market and the economy overall

Konstantinos Theodosiadis, “Tinex” General Manager, recently announced that he will be ending his long-term career in retail sales at the end of June, after working 26 years in this country. His story in Macedonia started in 1996, when he came as a Director and General Manager of “Veropoulos”. He was the head of “Vero” from 1996 to 2016. Starting from 2016 up until today he was running the business of “Tinex”. Before joining “Vero”, his career included the General Manager and CEO positions in the Dutch and international trade company “K Max” CA, Director of “Mark & Spencer” within the scope of “Marinopoulos”- Greece, and he was also the General Director and Senior Partner in “Creta Olympias” CA – Greece, a company for wine production and export – import. At the occasion of the ending of his almost three decades long career here, InStore made an exclusive interview with Theodosiadis in which he talks about the achievements so far and his plans for the future.

You announced that after 26 years serving on the retail market you will be ending your career at the end of June. Personally speaking, do you wish to retire?

First of all, I would like to thank Instore for giving me the opportunity to reflect on my journey in this country. As with everything in this life, there is always an end to every vision, action, effort, creation and conquest of your goals, whatever those goals may be. The most important aspect of a journey is your legacy, and I think that throughout these 26 years, I have left my lasting mark and have gained the recognition and acceptance for my work from everyone I have cooperated with. In my LinkedIn announcement, I was not referring to retirement, but rather that one big chapter in my life closed and signals the beginning of a new one. I still feel active and energetic, and can still utilize my vast experience and technical knowledge, perhaps in a different setting and under the appropriate conditions. As you know, there are restrictive rules of labor legislation here that do not allow you to continue employment after a certain age. For now I will take a break and rest, spend more time with my family and after the summer I will look at my next steps.

What results will you leave behind you after your work in North Macedonia? What are you specifically proud of?

One could assume with your question that as managers we are all about numbers and results. However, it is not only numbers that determine success in our industry. Personally, I am most proud of the lasting impact that I have had on the retail market and the economy overall. The 26 years that I devoted in the development and expansion of the retail market, speaks for itself. When I first came to Skopje in the autumn of 1996, the retail market was still at its infancy. Supported by a team of passionate and professional partners, we managed to radically change the retail map in the country and set a new standard for doing business by establishing new and innovative principles across the spectrum. However, despite the many challenges I was never intimidated by any obstacle, even though I have faced many, oftentimes on my own during my early years. Yet in spite of these adversities, I faced every challenge and without much guidance in order to establish my vision and achieve the results that I wanted. Not to forget, I was one of the first foreign businessmen who came in the country, and especially as a Greek those days where very different and sometimes hostile.

I still feel active and energetic, and can still utilize my vast experience and technical knowledge, perhaps in a different setting and under the appropriate conditions.

Looking back at the various major crises we had to face such as 1999, 2001, 2008 and even smaller instances, I faced each one stoically and as a professional, but also as an ordinary person and a family man. With every difficulty, I strengthened my resolve so that all my efforts and those around me never lost their direction. I never backed down, I was always at the forefront and wanted to inspire my people because I believe that the greatest strength in any company is in its manpower. As a leader, I enjoyed developing, guiding and transferring my knowledge to inspire them and create good and worthy managers. Many of the people I helped promote and develop, have gone on to work for large reputable companies, and some even to create their own companies. I also want to add something else, in work but also in my life I always strive to be in line with the latest developments set by the market and the global industry leaders and innovators. In the same way that we have moved from riding horses, to burning coal and diesel before finally getting to electric vehicles, my philosophy in being progressive has in the past clashed with the opinions of those who believed in regressive ideas, and want to take us from the “age of electric cars” back to the “horses.” Overall it is the universal recognition and appreciation that is reflected in my work ethic, professionalism, and hard work that I have received from associates, partners, and even competitors that make me proud for what I have achieved.

What will be the focus of your attention after July 1st? Will you be available in any form (as an advisor or similar) to share your experiences in retail sales?

It is too early to say what I will do after July. I first want to take some time off and go on vacations with my family and spend more time with my children who live abroad and I have not had the opportunity to visit them so often in recent years. Due to the nature of my work and my obligations I was unable to spend more time on other activities that I enjoy. So now, given the opportunity I will seek them out without constraints. As for my future in retail, time will tell.

You had a great cooperation with InStore. In your view, how important are trade magazines such as InStore for the further development of the FMCG-industry?

Trade magazines such as InStore are an instrumental part of the industry and play an important role in sharing valuable expertise by researching and promoting product developments especially for those associated with FMCGs. In today’s globalized and competitive business environment, it inspires the kind of specialist knowledge and best practices necessary for the development of management and marketing. Moreover, it highlights consumer trends and provides proposals and solutions which are instrumental for businesses that want to thrive in today’s dynamic world. By highlighting new market trends, retail businesses can better equip and inform themselves on how best to adapt to new and future needs within the retail market. While also guiding suppliers on how to improve methods of product distribution, operational management and delivery. In my view, magazines such as yours are essential to market participants, retailers and suppliers who are all stakeholders of the general market, and it has been an absolute pleasure to cooperation with you over almost three decades.

 Overall it is the universal recognition and appreciation that is reflected in my work ethic, professionalism, and hard work that I have received from associates, partners, and even competitors that make me proud for what I have achieved.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...