Автор: Тоби Пикард, сениор аналитичар за иновации и за трендови, ИГДГД
Џејмс Волтон, главен економски аналитичар од ИГД, ја опиша малопродажната сцена во Велика Британија во статијата „Што ќе биде најжешкото во британската малопродажба во 2016 година", но во насока на прашањето кои се најжешките трендови во глобалната малопродажна индустрија годинава, прочитајте во продолжение.
1. Здравјето е во срцето на продавницата
Фокусот на потрошувачите кон здравјето, не само што го погоди Обединетото Кралство, туку, најверојатно, и целиот свет нема да остане имун на овој тренд годинава. Според прогнозите на ИГД, владите ќе вршат поголем притисок на FMCG-индустријата за придонес кон националните здравствени цели, а компаниите, несомнено, во тоа ќе препознаат голема конкурентска можност.
Тој тренд ќе води кон широк распон од иновации и во продавниците. Очекуваме да видиме како ќе изгледа таа промена на изложување на производите и во истакнувањето на здравиот избор. Исто така, очекуваме малопродажните трговци повеќе да ги стимулираат купувачите преку различни попусти, промоции и награди.
Очекуваме дека трендот на редефинирање ќе биде од суштинско значење и за доставувачите, бидејќи асортиманот на малопродажните трговци ќе биде понаклонет кон здравите производи.
2. Промена на насоката на плимата
Во трговијата на мало, традиционалниот протек на најдобрите практики беше од запад кон исток. Денес, економиите на Азија се толку динамични, што протекот почнува да ја менува насоката. Потребно е западните малопродажни трговци да го забрзаат темпото на иновации за да не заостануваат.
3. Моќта на гласот
Гласовната контрола на паметните телефони стана универзална, но следува нов бран на иновации, со кои оваа технологија ќе се развива. Ќе бидеме во можност да нарачуваме производи, да ги организираме нашите животи и да добиваме информации преку уреди, кои ќе „зборуваат" со нас.
За да останат во чекор со усвојувањето на гласовната технологија, брендовите би требало да почнат да размислуваат за добивање лиценци преку технолошки провајдери, кои ќе им овозможат да ги продаваат производите со помош на оваа технологија. Нашата прогноза е дека тие ќе се натпреваруваат за ексклузивните права за продажба и ќе се соочат со нова конкуренција, бидејќи пребарувачите ќе станат новите потенцијални продавници на иднината.
Заштедата на времето на купувачот ќе биде најзначајна за малопродажните трговци. Лојалноста ќе се гради преку понудата за удобни и едноставни решенија, што ќе ја интензивира конкуренцијата.
Изгледот и распоредот во продавниците ќе претрпат промени и најверојатно ќе се развива концептот на т.н. микромаркети, односно независни мали продавници, сместени во градските квартови или на прометни локации, во кои купувањето е практично, брзо и едноставно.
Веројатно ќе следува и бран од автомати, кои ќе нудат практични оброк-решенија.
5. Емоција наспроти промоција
Да се биде надвор од пакетот емоција и промоција, е потешко од кога било. Тоа значи стагнација и однапред изгубена игра.
Компаниите ќе се движат подалеку од „виулицата на промоции" и ќе трагаат по нови начини за стекнување лојалност. Прогнозираме дека брендовите повеќе ќе се фокусираат на примена на длабинската психологија на потрошувачот, за да испорачаат персонализирани интеракции. Трговците ќе научат како се победува со луѓето, наместо со клиентите.
Микроелементите во комуникација, односно непосредноста меѓу потрошувачите, брендовите и малопродажните трговци, ќе бидат од клучно значење за интеракцијата, а социјалните медиуми ќе продолжат да бидат од круцијално значење во создавањето на тие врски.
Грижата за здравјето, технологијата и комуникациите се најсоодветните поими со кои може накратко да се опише малопродажната индустрија годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.