Дали прогнозите се остварија? Се враќаме наназад, во анализа на петте клучни области што ги назначивме на почетокот од 2015 година.
Автор: Тоби Пикард, сениор аналитичар за повеќеканална малопродажба, ИГД
На почетокот од 2015 година, ИГД ги објави предвидувањата за состојбата на глобалниот пазар на производите за широка потрошувачка. Во текот на годината, ја следевме еволуцијата на трендовите и нивната материјализација во индустријата. Да погледнеме што се случуваше...
Посочивме пет клучни процеси, за кои прогнозиравме дека ќе бидат врвни приоритети во 2015 година:
- Трансформација „продавница до врата";
- Кога технологиите се судираат;
- Пулсот на податоците;
- Големите бизниси го возвраќаат ударот;
- Чувари на клиентите.
Трансформација „продавница до врата"
Во 2015 година бевме сведоци на голем број иноватори во синџирот на снабдување, кои се обидуваа да им помогнат на купувачите да ги минимизираат трошоците поврзани со интернет-купувањето. Индустријата беше во потрага по нови генијални начини за да овозможи колку што е можно побрза, попрецизна и поефикасна услуга. Во услови на жестока конкуренција во интернет-каналот, императив беше исполнувањето на очекувањата на купувачите во однос на услугата и на цените.
- Во Јужна Африка, синџирот „Макро" соработуваше со „Мекдоналдс" и со бензинските станици „Сасол" за инсталирање шкафчиња, кои на потрошувачите им овозможуваат да ги земат интернет-нарачките од погодни локации.
- Во следните пет години, „Окадо" ќе го развива проектот „Секнд хендс" (Second hands), развивајќи паметни роботи, кои ќе ги поддржуваат работниците во магацините.
Кога технологиите се судираат
Силниот бран на новата технологија го пронајде своето место на масовниот пазар во 2015 година.
- Во продавницата „Таргет опен хаус", купувачите имаат на располагање 35 паметни технологии, почнувајќи од паметните брави на вратите, паметни садови за храна за домашни миленичиња, итн. Оваа „вмрежена" продавница на иднината беше отворена во Сан Франциско во јули 2015 година.
- Во јуни минатата година, 270 продавници „Теско експрес" во Лондон ги промовираа сладоледите Magnum Pink и Magnum Black, користејќи ја технологијата iBeacon. Кога беа во близина на некоја од продавниците, купувачите што ја имаа инсталирано апликацијата mPulse, преку телефоните добиваа дигитални купони за попуст.
Пулсот на податоците
Фокусот на здравјето и на здравиот начин на живот веќе подолго време е тренд, а новата технологија го издигнува на сè повисоко ниво. Користењето на апликациите на паметните телефони и на соодветната технологија, им помага на луѓето во следењето на здравјето, континуирано и во детали. Овој аспект претставува огромен потенцијал за трговците и за доставувачите, особено за стекнување нови податоци за потрошувачите. Создавањето и развивањето на довербата на потрошувачите, како и нагласувањето на придобивките, се главните двигатели што ќе ги поттикнат луѓето да споделуваат информации.
- „Гугл" развива апликација што ги пресметува калориите од фотографиите. Апликацијата im2calorie го анализира секој пиксел од фотографијата за да утврди што точно е тоа и колку калории содржи.
- „Волмарт" ја создаде т.н. здрава пазарна количка. Овие паметни, високотехнолошки колички, кои беа претставени во Костарика, ги бројат калориите што потрошувачот ги троши додека пазарува и ги сигнализираат околните здрави производи.
Големите бизниси го возвраќаат ударот
Некои од најголемите компании во индустријата се соочија со бројни предизвици на повеќе фронтови, вклучувајќи ги интерното дејствување, жестоката конкуренција во повеќеканалниот систем и жилавата заднина на трговијата.
„Возвраќањето на ударот" се случуваше на две нивоа:
- Стратегиски промени во управувачката структура, отворање нови продавници, промени во асортиманот на производи и нови ценовни тактики.
- Коригирање на иднината, фокус на долгорочните можности, нови формати на продавници, инспирирање од интернет-операторите, дисконтерите и од иновативните компании.
- Јапонскиот синџир „Севн & ај холдингс" ќе инвестира 89 милиони долари за да ги хомогенизира и да ги интергрира инстор и интернет-операциите. На тој начин, трговецот ќе го забрза идниот развој и ќе ја максимира физичката поврзаност.
Чувари на клиентите
Ништо во бизнисот не е поважно од довербата на потрошувачите. Индустријата се движи кон целосна транспарентност и во таа насока има долг пат за чекорење. Потрошувачите сè повеќе очекуваат „пристап до сите области", транспарентност на компаниите, информативност и соработка при етичките одлуки за купување. Прашањата за безбедноста на храната и безбедноста на податоците сè повеќе се застапени во глобалните дебати. Трговците и доставувачите трагаат по нови начини за придобивање и за одржување на довербата на потрошувачите.
- Компанијата „СЦ Џонсон" ги открива состојките и формулите на своите производи. Почнувајќи со освежувачот за воздух Glade во Северна Америка, производителот сега споделува 99,1 отсто од формулите за производите на whatsinsidescjohnson.com.
Се вчитува следна вест...