Анализи

Регус: Мамка за најдобрите работници

17 Mar 2014

Според најновото истражување на „Регус", 72% од испитаниците сметаат дека флексибилната работа е адут за привлекување на најквалитетни работници.

Приреди: Милица Петровиќ, milica@instore.rs

Во екот на денешната забрзаност и трка со времето, флексибилноста во работата на деловните луѓе од цел свет, стана пресуден фактор за прифаќање на некој работен ангажман. Според најновата анкета на компанијата „Регус", што се занимава со обезбедување на работен простор, 79% од испитаниците одговориле дека меѓу две слични работни ангажмани би го избрале оној што нуди флексибилност. Исто така, неверојатни 74% потврдуваат дека флексибилноста во работата им помага на работниците подолго да останат во компанијата.

Вработувањето е скап процес, чијашто цена многу глобални компании се стремат да ја намалат. Британскиот овластен институт за обука и управување со кадри (The Chartered Institute of Personnel and Development – CIPD) проценува дека трошокот при заминување на работникот изнесува 5.539 евра, односно 6.000 евра, ако се работи за менаџер или за специјалист. Исто така, според податоците на „Регус" од октомври минатата година, без разлика дали се работи за исток или за запад, за зрел пазар или за пазар во развој, повеќе од третина од компаниите изјавиле дека приоритет им е задржувањето на работникот. Се поставува прашањето: на кој начин компаниите можат најефикасно да ги намалат трошоците за вработување и да ги привлечат и да ги задржат најдобрите работници? Испитаниците од последното истражување на „Регус" откриваат дека флексибилноста на работата е решението за овие проблеми.

Оваа анкета, што ги разработи мислењата на повеќе од 20.000 раководители и сопственици на компании во 95 земји, потврдува дека со флексибилната работа можат да се елиминираат кадровските флуктуации, а со тоа и трошоците за агенции за вработување, со оглед на тоа што 72% од испитаниците ја истакнаа флексибилната работа како адут за привлекување на најквалитетни работници. Истражувањето открива дека 71% од испитаниците веруваат дека флексибилната работа ја зголемува посветеноста на работниците. Исто така, 59% од работниците велат дека не би прифатиле работа каде што нема простор за флексибилност, а исто толку тврдат дека подолго би се задржале на последното работно место, ако постоела флексибилност во работата.

Според зборовите на експертите од компанијата „Регус", вработувањето и задржувањето на најдобрите работници секогаш се приоритети за успешните компании, но сите фирми не можат да си дозволат истовремено да исплаќаат поголеми бонуси или да даваат високи плати, а да останат и конкурентни:

Последователните флуктуации се уште еден од клучните фактори за елиминирање на трошоците за агенциите за вработување и комплицираниот процес за вработување. Флексибилното работење, што чини помалку од фиксната канцелариска работа, на сегашните и потенцијалните работници им нуди примамливи адути во вид на помал стрес и подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, а претставува и евтино решение за привлекување на најдобрите работници и нивно мотивирање да останат во компанијата. Неверојатен е фактот, колку стана популарно нудењето на флексибилна работа и како многу испитаници навистина ги избираат работните места врз основа на флексибилноста.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...