Анализи

ИГД: Нови стандарди на глобално ниво во 2012 година

11 Mar 2013

Секоја година нашата опсежна програма за посета на продавниците нè води во малопродажните објекти што претставуваат нови стандарди на глобално ниво. Овие продавници ги поставуваат трендовите на нашата малопродажна листа, што се одликува со исклучителност. Претставуваме четири омилени продавници минатата година, дизајнирани да му угодат на секој купувач.

Автор: Ник Мајлс, сениор ритеил аналитичар, ИГД

Иновативен визуелен мерчендајзинг
 
„Собејс Киченер" (Онтарио, Канада) – Единствената концептуална продавница со бројни иновативни пристапи кон визуелниот мерчендајзинг и кон системот за ознаки, особено во сегментот на свежата храна и услугите на продажниот пулт.
 
  1. Нов начин на изложување на сушените печурки, покрај достапноста и стандардните пакувања.
  2. Исечено и миено овошје за подготовка на салата и топли прилози што се подготвуваат главно на продажниот пулт.
  3. Фрижидер покрај „масата за дегустација", што ги поттикнува купувачите да ги испробаат новите производи и импулсивно да ги купат.
Исклучителност во сегментот свежа храна
 
„Морисон Сент Албанс" (ВБ) – Еден од неколкуте нови формати на продавници со понуда претежно на свежи производи, со силен сегмент „to go" (за носење) и со рационализација на продажниот простор. Широката имплементација на „фреш"-форматите е во тек.
  1. Производите се изложени на тој начин што привлекуваат внимание – зеленчукот е сместен на „простирка од мраз", а системот од прскалки ја одржува свежината и придонесува за севкупното искуство на купување.
  2. „Свежа храна за носење" е нов сегмент сместен во простор што порано служел за изложување на забавни содржини. Како резултат, забележан е пораст на продажбата на „храна за носење".
  3. На новите киосци внатре во продавницата (ги има околу 30), купувачите можат да порачаат производи на „Кидикер", што следниот ден ќе им бидат доставени на домашна адреса. Овој онлајн-трговец, специјализиран за продажба на бебешка програма, „Морисонс" во својата понуда го вметнал во февруари 2012 година.
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...