Анализи

ИГД: Сезона на гикови

19 Feb 2013

Како недостатоците на снабдувањето ќе се одразат на иднината на прехранбената индустрија.

Којзнае... во годините што доаѓаат, компаниите што се занимаваат со производство на храна може да ги лансираат своите најнови производи исто толку помпезно и со ист голем интерес на медиумите како најновите електронски направи.

Автор: Џејмс Валтон,  главен економист во ИГД

„Сезоната на гикови" е доба од годината кога високотехнолошките компании лансираат нови производи, надевајќи се дека ќе имаат корист од силната побарувачка во предбожиќниот бран на шопинг.

Во старите добри времиња, овој бран беше многу моќен. Во САД, петокот по Денот на благодарноста (23.11.2012 година) се нарекува Црн петок. По обичај, многу американски трговци бележат големи загуби во текот на годината, а тогаш, тој петок остваруваат голем профит по подолго време. Дури и во тешки периоди, кога купувачите ги намалуваат трошоците, начинот на кој производителите и трговците настапуваат на крајот на годината може да доведе до разлика помеѓу опстанокот и пропаста.

„Сезоната на гикови 2012" беше особено плодна. Нови таблети, читачи на електронски книги, паметни телефони, услуги на 4Г-телефонија и видео се лансирани во последните неколку седмици. Секако, иновациите и подобрените производи се значајни активности за компанијата во сите подрачја, не само во индустријата на технологии. Иновациите отвораат нови конкурентски фронтови, даваат подобри производи за купувачите, го продолжуваат нивниот рок на користење.

Меѓутоа, технологијата во голема мера зависи од иновациите, бидејќи високотехнолошките производи често се евтини и лесно се копираат, што значи дека и тие наскоро ќе ја изгубат својата конкурентска предност, а цените ќе почнат да паѓаат.

Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.4


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...