Многу компании што произведуваат стока за широка потрошувачка имаат фабрики во земјите од еврозоната, а предвидувањата се такви, па што и да се случи во иднина тие директно ќе бидат погодени. Останатите, иако немаат претставништва во овие земји, сепак имаат врска со еврозоната и ќе бидат индиректно погодени.
Автор: Џејмс Валтон, главен економист, ИГД
Продолжува кризата во еврозоната, без непосреден знак било на катастрофален неуспех било на сеопфатно решение, и покрај напорите на банките да се стабилизираат и да се решат прашањата за државните долгови.
Ова е можеби најголемото и најургентното глобално економско прашање, со импликации за сите земји – смета ММФ, во својот извештај од јули 2012 година.
Неизвесноста околу иднината на еврото несомнено пречи во закрепнувањето во САД и во Велика Британија, а под притисок е и динамичната, силната економија во пораст, Кина.
Многу компании што произведуваат стока за широка потрошувачка и имаат фабрики во земјите од еврозоната, а предвидувањата се такви, па што и да се случи во иднина тие директно ќе бидат погодени. Останатите, иако немаат претставништва во овие земји, сепак имаат врска со еврозоната и ќе бидат индиректно погодени.
На самитот на ЕУ, што беше одржан во јуни 2012 година, дваесетти по ред откако е почната кризата, забележано е засилување на консензусот околу прашањата како што се надзорот на банките и користењето на средствата bailout.
Пазарите на обврзници одговорија со голем ентузијазам, иако оптимизмот бргу избледе, бидејќи основните проблеми со кои се соочуваа во еврозоната, како што се државните дефицити, натрупаните обврски и долгот на приватниот сектор, остануваат нерешени.
Повеќето влади, вклучувајќи ги и француската и германската, се најдоа во конфликт во врска со договорените обврски за долговите. Колку подолго се одложува пронаоѓањето на решението, толку поголем е ризикот и можноста за неуспех.
Предизвиците за продуктивност
На самитот во јуни 2012 година, европските лидери беа насочени на порастот како одговор на предизвиците со кои се соочуваат сите земји од континентот. Меѓутоа, постигнувањето пораст бара пазарна конкурентност, што понатаму бара поголема продуктивност.
За жал, во Европа продуктивноста низ годините заостанува за големите ривали. Оваа тема е предмет на дебата, но не е лесно да се справат со неа и за многумина е тешко да ја прифатат.
Гледајќи напред, производството ќе биде важен економски лост за европските влади. Според тоа, можеме да очекуваме дека владите ќе дадат повеќе практични и законодавни поддршки, што подлежат на прописите на ЕУ.
Во Велика Британија, овие процеси се во тек – државниот трезор и одделението за економија, иновации и вештини (Department for Business, Innovation and Skills) создаваат сеопфатни програми за поддршка на произведувачи, како што е, на пример, иницијативата План за пораст 2011.
Важно е да се укаже дека владата на Велика Британија експлицитно ја нагласува економската корист што ја нудат произведувачите на храна и пијалаци како работодавачи и извозници (извадок од соопштението на ДЕФРА од 17 мај 2012 година). Ова е вистинското време компаниите да ги споделат „добрите вести" со јавноста и владите.
Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore број 2
Се вчитува следна вест...