Современите кулинарски трендови го поддржуваат порастот на плоснатиот леб како основна храна
Извор: „Еуромонитор интернационал“, www.euromonitor.com
Печива
Во текот на 2021 година, за време на пандемијата на ковид-19, печивата забележаа стабилен пораст.
Според податоците на „Еуромонитор“, пекарските производи во 2021 година брзо се вратија во стабилна состојба како резултат на продажбата на непакуван леб, печива и колачи, кои забележаа волуменски пад во малопродажбата во 2020 година, по избувнувањето на пандемијата. Потрошувачите беа претпазливи и претпочитаа да купуваат пакувани верзии од овие производи во 2020 година, водени од верувањето дека на тој начин се намалува ризикот од зараза со вирусот. Дополнително, продолжениот период на карантин за да се спречи проширувањето на ковид-19, исто така, предизвика значителен недостиг на брашно и квасец во РС Македонија предминатата година. Дефицитите беа особено забележливи во месеците март и април во 2020 година. Сепак, во периодот што следуваше луѓето научија да живеат со ковид-19, што придонесе за стабилизација на синџирите на снабдување.
Леб
Растечкиот интерес за странските кујни ја поттикна побарувачката за плоснат леб (flatbread).
Плоснатиот леб забележа силни перформанси во 2021 година благодарение на зголеменото влијание на меѓународната кујна, особено мексиканската, латиноамериканската и блискоисточната, кај помладите потрошувачи, кои ги ценат јадењата како бурито и тортиља-сендвичи. Во анализираниот период на пазарот влегоа неколку меѓународни брендови, а тоа значително ја подобри понудата на производи. Освен тоа, неколку домашни пекарници, исто така, го воведоа плоснатиот леб како нов производ, што дополнително поттикна пораст на вредносната продажба. Современите кулинарски трендови го поддржуваат порастот на плоснатиот леб како основна храна, дополнета со деликатеси од различни компатибилни меѓународни кујни.
Иако лебот со квасец останува доминантна поткатегорија во пекарските производи, сепак, забележа умерен пораст на продажбата само во 2021 година. Тоа делумно се должи на зрелоста на поткатегоријата, но и на развојниот тренд за здравје и благосостојба кај потрошувачите. Дел од консументите сметаат дека исклучувањето на лебот од нивната исхрана е добар начин да се изгуби од тежината и да се одржува вита линија на телото. Сепак, лебот со квасец останува клучен производ во поголемиот дел од домаќинствата во земјата.
Табела 1
Големина на пазарот на РС Македонија – вредносна продажба
Категорија |
Тип на податоци |
Единица |
Тековна константа |
2019 година |
2020 година |
2021 година |
2022 година (прогноза) |
Леб |
малопродажна цена |
милијарди денари |
тековни цени |
10,2 |
10,3 |
10,7 |
11,1 |
Печива |
малопродажна цена |
милијарди денари |
тековни цени |
0,3 |
0,3 |
0,3 |
0,3 |
Табела 2
Големина на пазарот на РС Македонија – годишен пораст во проценти
Категорија |
Тип на податоци |
Единица |
Тековна константа |
2018/2019 година |
2019/2020 година |
2020/2021 година
|
2021/2022 година (прогноза) |
Леб |
малопродажна цена |
милијарди денари |
тековни цени |
3,7% |
1,4% |
3,9% |
3,6% |
Печива |
малопродажна цена |
милијарди денари |
тековни цени |
4,5% |
-1,5% |
5,5% |
4,8% |
Табела 3
Вредност по домаќинство
Категорија |
Тип на податоци |
Единица |
Тековна константа |
По жител / домаќинство |
2019 година |
2020 година |
2021 година |
2022 година (прогноза) |
Леб |
малопродажна цена |
денари |
тековни цени |
по домаќинство |
17.121,2 |
17.334,5 |
17.951,5 |
18.613,6 |
Печива |
малопродажна цена |
денари |
тековни цени |
по домаќинство |
526,7 |
518,1 |
544,8 |
571,2 |
Табела 4
Топ-компании според уделот на брендовите во вредносната продажба на категоријата
Категорија |
Компанија |
Тип на податоци |
2021 година |
Леб |
„Елбиско“ („Жито лукс“) |
малопродажна вредност |
1 |
Леб |
„Фурна Диме“ |
малопродажна вредност |
2 |
Леб |
„Жито Полог“ |
малопродажна вредност |
3 |
Леб |
ПИП |
малопродажна вредност |
4 |
Леб |
„Кухенмајстер“ |
малопродажна вредност |
5 |
Табела 5
Топ-компании според уделот на брендовите во вредносната продажба на категоријата
Категорија |
Компанија |
Тип на податоци |
2021 година |
Печива |
„Чипита“ |
малопродажна вредност |
1 |
Печива |
„Макпрогрес“ |
малопродажна вредност |
2 |
Печива |
„Колид фудс“ |
малопродажна вредност |
3 |
Печива |
„Жито“ – Словенија |
малопродажна вредност |
4 |
Печива |
„Елбиско“ („Жито лукс“) |
малопродажна вредност |
5 |
* Извештајот на „Еуромонитор“ е од декември 2021 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.