ИДГ ги разгледува петте карактеристики што ја пренасочија продавницата од функционална дестинација за купувачите до импресивно малопродажно и разонодувачко искуство
Извор: ИГД, www.igd.com
Британскиот трговец на мало „Асда“ инвестира 6,8 милиони фунти (8,6 американски долари) за да го преуреди својот препознатлив формат на продавница во дестинациски хипермаркет. Минатата година „АГ груп“ и „ТДР капитал“ го презедоа трговскиот синџир „Асда“ од „Волмарт“.
Во ова статија ИДГ, која обезбедува глобален увид, анализа и прогнози за пазарот на прехранбени и производи за широка потрошувачка, ги разгледува петте карактеристики што ја пренасочија продавницата од функционална дестинација за купувачите до импресивно малопродажно и разонодувачко искуство.
Зафаќајќи малку поголем простор од традиционалното кафуле што „Асда“ го замени, новата зона нуди низа можности за угостителски услуги во одделот, а потрошувачите може да се снабдат и со храна за носење. Посебните штандови на „Синабон“, „Баблолоџи“, „Сбаро“ и „Лион“ нудат различни оброк-решенија за различни делови од денот, од појадок до вечера. Модуларниот дизајн на одделот овозможува едноставен премин меѓу штандовите, дозволувајќи му на трговецот на мало да склучува нови партнерства како одговор на трендовите што се развиваат и побарувачката на купувачите.
Еволуција на моделот „клик & колект“ им овозможува на купувачите да имаат слободно време за да разгледуваат или купуваат во продавницата, или да седнат да јадат во одделот за храна, додека вработените во „Асда“ ги подготвуваат нивните нарачани производи.
Оваа еволуција на моделот „клик & колект“ им овозможува на купувачите да имаат слободно време за да разгледуваат или купуваат во продавницата, или да седнат да јадат во одделот за храна, додека вработените во „Асда“ ги подготвуваат нивните нарачани производи. Купувачите добиваат персонализирани пораки кога нивните онлајн-нарачки се спремни, а секоја нарачка се исполнува во рок од еден час. Оваа лична услуга, која е бесплатна за нарачките над 25 фунти, го подобрува традиционалниот модел „клик & колект“ поради персонализираното ажурирање на преференциите и ја зголемува продажбата со тоа што обезбедува слободно време за купувачите.
Одржливоста е во срцето на овој дестинациски хипермаркет, кој располага со посебни зони за надополнување на амбиентална храна (храна што се чува на собна температура), храна за домашни миленици, занаетчиско пиво, производи за лична нега и детергенти за перење. Само во зоната за полнење амбиентална храна има повеќе од 70 брендирани производи и приватни трговски марки. Партнерството со „Унилевер“ на потрошувачите им обезбедува диспензери за гел за туширање Radox, течен сапун Simple и детергент за перење без ензими Persil. Диспензерите за полнење течности, кои се наоѓаат на преминот меѓу одделите за здравствена нега и за детергенти, на купувачите им нудат и шишиња од не’рѓосувачки челик, кои може да се вратат и повторно да се наполнат во продавницата.
Од особена важност е стратегијата на „Асда“ за партнерства со надворешни брендови и со области што се пошироки од FMCG-индустријата.
Продавницата е и место со обемна модна понуда, која нуди различни екстерни трговски брендови како алтернативи за сопствената марка George. Изложеноста на модните парчиња во одделот е многу ефективна, благодарение на изложбените маси и осветлувањето, кои придонесуваат за специјалниот изглед. Распространетите дигитални знаци и изложбените кукли, исто така, го исполнуваат одделот со посебна енергија и ги инспирираат купувачите. На удобната фотелја потрошувачите може да ги разгледуваат моделите преку QR-кодови, кои се поврзани со видеа, што обезбедува дополнителна стилска инспирација и пристап до поширок онлајн-избор.
Модната понуда се поврзува и со новата спортска и фитнес-облека, која ја комбинира спортската и облеката за активен животен стил со спортската исхрана и понудата на „Декалон“. Комбинацијата на овие елементи повторно ја демонстрира важноста на стратегијата на „Асда“ за партнерства со надворешни брендови и со области што се пошироки од FMCG-индустријата.
Продавницата во голема мера ги користи дигиталните натписи за да ја подобри навигацијата на купувачите. На тој начин отвора можности за доставувачите да создадат поимпактен ангажман со купувачите, како дел од поширокиот пакет за дигитални медиуми. Дигиталната опрема и уредување на местото на продажбата нуди многу поволности за доставувачите и за трговците на мало. Употребата на видеосигнали многу им помага на брендовите да се истакнат и има голема предност во поглед на издржливоста во однос на традиционалните картонски натписи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.