Свет

ММФ: Светската економија излегува од најдлабоката криза

07 Oct 2020

Глобалната економија изгледа „помалку страшно“ отколку во јуни и Меѓународниот монетарен фонд благо ќе ја измени проценката на падот во оваа година, изјави денес шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева.

Мојата главна порака е дека глобалната економија излегува од најдлабоката криза, кажа Георгиева.

Катастрофата што нѐ снајде сепак не заврши, ни оддалеку. Сите земји се соочуваат сега со нешто што би го нарекла долго искачување, мачно искачување кое ќе биде долготрајно, нерамномерно и несигурно. И обележано со повремени падови, додаде шефицата на ММФ.

Меѓународниот кредитор прогнозираше во јуни дека глобалниот бруто домашен производ (БДП) поради мерките за сопирање на коронавирусот ќе падне годинава за 4,9 отсто, најмногу од 30-тите години на минатиот век, повикувајќи ги владите и централните банки да помогнат со дополнителни мерки за поттикнување.

Новата прогноза ќе ја објават следната недела, на редовното есенско годишно собирање, овој пат преку интернет.

Благодарение на фискалните мерки за поддршка со вкупна вредност од 1.200 милијарди долари и монетарното попуштање без преседан многу развиени економии, вклучувајќи ги САД и еврозоната, успеаја да ја избегнат најлошата штета и почнаа да се опоравуваат, кажа Георгиева.

И Кина се опорави побрзо од очекуваното. 

Пазарите во развој и земјите со ниски примања се наоѓаат во особено тешка ситуација, имајќи ги предвид слабите системи за здравствена грижа, високиот надворешен долг и зависноста од секторите на најранливите во пандемијата, како туризмот и сировините. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...