Свет

„Амазон“ отвора 3.500 работни места во Канада

22 окт 2020

Гигантот за електронска трговија „Амазон“ ќе отвори 3000 работни места во Ванкувер и уште 500 во Торонто.

Џеси Дорти, потпретседател на „Амазон“, задолжен за локацијата во Ванкувер, рече дека компанијата сака да ги донесе овие работни места во Канада затоа што земјата има „огромен технолошки талент, кој Амазон сака да го искористи”.

Новите деловни и технолошки работни места ќе вклучуваат инженери за развој на софтвер, дизајнери на корисничко искуство, архитекти и менаџери за продажба и маркетинг.

Поголемиот дел од работата ќе се врши од Поштата, зграда во Ванкувер, каде „Амазон“ ќе заземе дополнителни 63.000 квадратни метри канцелариски простор.

Ванкувер долго време важеше за привлечна испостава во Канада поради деловната близина со САД и големите технолошки центри, вклучувајќи ја Силиконската долина и седиштето на Амазон во Сиетл.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...