Повеќе од половина милион компании во Италија се соочуваат со сериозни предизвици во работата, а околу 90.000 се трајно затворени поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, многу италијански компании се соочуваат со сериозна криза, а најтешко се погодени оние од угостителството и туризмот. Сопствениците на барови и ресторани стравуваат од есенската сезона, бидејќи терасите нема да бидат во функција, а ќе се користи само внатрешниот простор што ќе биде лимитиран како заштита од ширење на заразата.
Владините мерки, како што се наведува, го ублажија ударот од пандемијата, но не биле доволни затоа што последиците од кризата се несогледливи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.