Свет

„Нестле“: Подготвени сме за повеќе аквизиции

14 Sep 2020

„Нестле“ ќе направи повеќе големи аквизиции, најави Франсоа-Ксавиер Роџер, главен финансиски директор на компанијата. 

Бевме многу дисциплинирани, но тоа не спречи да направиме значајни аквизиции-„Старбакс“, „Атриум“, сега и „„Аимун терапеутикс“, компанијата за биотехнологија. Веројатно ќе има уште во иднина, затоа што навистина сакаме да го направиме тоа, изјави Роџер.

Тој вели дека „Нестле“ не сака да ја намали големината на компанијата или нејзините размери, така што аквизициите се јасно на дневен ред, доколку одговараат на стратегијата и културата на компанијата и нудат соодветно финансиски бенефит.

Според него, апетитот на „Нестле“ е поврзан со храна, здравје или категории со висок раст, но не е само тоа. Можеме да инвестираме надвор од овие категории со висок раст ако ги најдеме вистинските можности, рече Роџерс.

Целта на “Нестле“ е за 2-3% да се зголеми продажбата на органски производи оваа година, бидејќи побарувачката за висококвалитетна храна за домашни миленици и здравствени производи е поголема во вториот квартал од годината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...