Свет

„Меркадона“ е омилениот трговец во Шпанија

07 Sep 2020

Производите со најдобра вредност за парите, карактеристичните приватни марки и можноста сè да се купи на едно место се причините поради кои „Меркадона“ доби највисоки оцени од шпанските потрошувачи.

Тоа се резултатите од годинешниот Индекс на перформанси на трговците за прехранбени производи во Шпанија.

По „Меркадона“, потрошувачите избрале регионални трговци. Каталонски „Бонпреу“ доби најдобра оцена за емотивните врски, фактор што вклучува „доверба“, „веројатност за препорака“ и „задоволство“. „Гадиса“ (Галиција), „Аорамас“ (Мадрид) и „Консум“ (Валенсија) исто така објавија високи оцени.

Индексот е подготвен од консултантската агенција „Данхамби“ и го комбинира мислењето на потрошувачите со деловните перформанси на трговците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...