Германската влада постигна договор да се продолжи траењето на програмата за скратено работно време на две години од сегашните 12 месеци.
Ова беше направено како дел од дополнителните мерки за ублажување на последиците од коронавирусот врз економијата.
Коалициските партнери постигнаа договор да дозволат продолжување на тој вид државна поддршка за надомест на платите на работниците, чиј работен час е скратен поради пандемијата на коронавирусот на 24 месеци за сите компании што поднесуваат барање до крајот на оваа година. Со тоа тие сакаат да спречат масовни отпуштања.
Исто така, беше решено да се прошири давањето финансиска помош за малите бизниси до крајот на оваа година и да се олеснат правилата за банкрот во обид да се спречи бран на стечај.
Дополнителни мерки договорени во владата предводена од канцеларката Ангела Меркел со цел да се ублажат последиците од коронавирусот може да ја чинат Германија 10 милијарди евра, изјави германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, пренесува „Ројтерс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.