Свет

„Нестле“ лансира веганска алтернатива на туна

21 авг 2020

Прехранбениот гигант „Нестле“ овој месец во Швајцарија претставува алтернатива на туна на растителна основа, надевајќи се дека потрошувачите, кои во тек на пандемијата повеќето оброци ги подготвуваат дома, ќе имаат уште поголема желба да пробаат нови производи и вкусови. 

Позната по Maggi супите и по коцките за супи, компанијата и претходно вложуваше во развој на производи на растителна основа, за да ја направи попривлечна својата понуда за потрошувачите кои не сакаат месо. 

Новата Garden Gourmet туна е направена од протеини од грашок, ќе биде достапна во стаклени тегли и ќе може да се употребува во салати, сандвичи и пици. 

Развиена во тек од девет месеци во швајцарскиот истражувачки центар на „Нестле“, туната е првиот производ од групата растителни морски плодови што стигна на пазарот. 

Минатата година, вредноста на продажбата на месните алтернативи на „Нестле“ достигна околу 18,4 милиони евра. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Амазон“ почна да продава лекови на рецепт

16 ное 2020

„Данон“ го реорганизира работењето

16 ное 2020

Француските трговци го одложуваат „црн петок“

16 ное 2020

„7 Елевен“ влегува на пазарот во Изреал

16 ное 2020

„Унилевер“ очекува милијарда евра од продажба на алтернативни месни производи

16 ное 2020

Австрија: „Хофер“, „Лидл“ и „Шпар“ се обединија против државата

16 ное 2020
Вчитува уште новости...