„Амазон“ објави дека планира да ангажира дополнителни 3.500 работници во градовите низ САД.
Овој потег го обврзува најголемиот гигант за онлајн трговија значително да го прошири деловниот простор во време кога другите компании од технолошката индустрија прифаќаат работа од далечина и го намалуваат канцеларискиот капацитет.
Новите ангажмани ќе придонесат во напорите на „Амазон“ за понатамошен развој на работата во облак, рекламирање, дигитални асистенти, испорака на намирници и многу други области. Проширувањето на канцелариите ќе се случи во Њујорк, Далас, Детроит, Денвер, Феникс и Сан Диего, што ќе претставува инвестиција од 1,4 милијарди долари и повеќе од 905.000 квадратни метри дополнителен канцелариски простор.
Проширувањето во Њујорк доаѓа откако „Амазон“ се откажа од плановите минатата година за изградба на втора централа во градот, поради противење на локалното население. Овој потег е последниот пример за тоа како некои големи технолошки компании истовремено се обложуваат на иднината што вклучува канцелариска работа, додека продолжува да работи на развој на технологии кои ќе помогнат во работата од дома.
Со оглед на тоа што компаниите како „Твитер“ овозможија постојана работа од дома, пример „Гугл“ минимум до следната година, останува да се види како „Амазон“ ќе ја развива својата деловна култура спротивно на новите трендови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.