„Унилевер“ го менува називот на својот Cigojner поради расистичка конотација
18 Aug 2020
Германската прехранбена компанија „Кнор“ во состав на „Унилевер“ најави дека ќе го промени називот на својот Cigojner (Zigeuner) или „цигански сос“, по обвинувањата дека овој назив е навредлив за Ромите.
Cigojner е популарен унгарски сос од пиперки.
Тоа е најновиот од низата брендови кои се преименуваат поради бранот протести против расизмот што беше покренат по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд. По тие протести, беа сменети и називите на сладоледот „Ескимска пита“ и на мешавината за палачинки “Тетка Џемајма“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.