Свет

„Шпар“ ја отвори првата продавница во Гана

11 авг 2020

Трговскиот синџир „Шпар“, со повеќе од 13.000 продавници во 48 земји ширум светот, ја отвори својата прва продавница во Гана. 

„Шпар“ во Африка веќе е присутен со 1.055 продавници, распоредени во Боцвана, Камерун, Намибија, Нигерија, Замбија, Зимбабве, Египет, во Јужноафриканската Република...Овие земји сочинуваат 16 отсто од прометот на продавниците на овој трговски синџир, или тоа е 37,2 милијарди евра од годишниот приход од продажбата. 

Во последните три години, „Шпар“ се прошири на 12 нови пазари. Доаѓањето во Гана не е за изненадување, бидејќи економските проценки се дека оваа земја е една од најбрзо растечките економии во Африка. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...