Свет

„Волмарт плус“ го предизвика „Амазон прајм“

13 Jul 2020

Најголемиот светски трговски синџир супермаркети, „Волмарт“, конечно е подготвен да ја лансира својата долгорочна „Волмарт плус“ програма, која вклучува платена претплата и им овозможува на учесниците пристап до низа услуги кои не им се достапни на „обичните“ посетители на мрежата. 

Се очекува дека оваа прогарама ќе стане алтернатива на „Амазон прајм“. 

„Волмарт плус“ е програма за лојалност заснована на неограничена испорака. Секој клиент на “Волмарт“ мрежата кој е член на „Деливери Унлимитед“ добива можност за бесплатна испорака неограничени количини намирници на денот на нарачката, за годишен надомест од 98 долари. „Деливери Унлимитед“ беше покренат минатата година и брзо се прошири на 1.400 продажни места. 

Уште не е објавено колку ќе чини годишната претплата за „Волмарт плус“, но цената ќе остане приближно иста, најверојатно 98 долари. Со тоа, „Волмарт плус“ би бил поевтин од „Амазон прајм“ кој чини 119 долари годишно, и би можел да привлече дополнителен број корисници. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...