Свет

L’Oreal ги претстави новите цели за одржлив развој

29 Jun 2020

На првата онлајн конференција за медиумите, групацијата L’Oréal ги претстави новите цели и активности за одржлив развој до 2030 година, обединети во програмата „ L’Oréal за иднината“.

Предизвиците со кои се соочува нашата планета се без преседан и поради тоа е неопходно да ги забрзаме нашите напори за да сочуваме сигурна околина за човештвото. Свесни дека најголемите предизвици допрва се пред нас, го прилагодуваме работењето и остануваме посветени на клучните цели-придонес за целото општество и почит кон границите на нашата планета, изјави Жан Пол Агон, претседател на Управата и извршен директор на fL'Oréal. 

Новата програма се темели на три идеи: трансформација на компанијата во согласност со концептот „планетарни граници“, засилување на деловниот екосистем преку вклучување на потрошувачите, клиентите и добавувачите во процесот на одржлив развој и придонес кон решавање на клучните општествени и еколошки предизвици со кои се соочува светот денес. 

L’Oréal Група дефинираше нови, мерливи цели до 2030 година кои се насочени кон борба против климатските промени и решавање на трите главни прашања: чување на биодиверзитетот, одржливо управување со водите и циркуларна употреба на ресурсите. Компанијата разви и механизам за означување на производите и информирање за нивното влијание врз животната средина. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...