Свет

Трговците бараат помош од Европската комисија

15 Jun 2020

„Еурокомерц“, групација што ги претставува трговците на мало и на големо од цела Европа, бара од Европската комисија (ЕК) и од владите на европските земји да преземат чекори за да го спречат затворањето на деловните субјекти што продаваат непрехранбени производи.

Исто така, организацијата бара владите да разгледаат начини и да дозволат постепено повторно отворање на непрехранбените продавници кога кризата ќе стивне.

„Еурокомерц“ ги пофали насоките од ЕК за тоа како бизнисите можат да продолжат откако ќе се смири пандемијата. Од групацијата соопштија дека е важно да се воспостави постепен план за отворање на малопродажбата и големопродажбата поради ризикот од банкрот, со соодветни протоколи за заштита на здравјето на вработените и на купувачите. Исто така, ги поздравија и повиците за поголема координација и комуникација меѓу земјите-членки и укинувањето на контролите на границите, со кои се ограничува слободниот проток на стоки и на луѓе.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...