Свет

„Ошан“ бележи намалување на приходите во Русија

01 Jun 2020

Францускиот малопродажен синџир „Ошан“ забележа пад на приходите и намалување на бројот на купувачи во објектите во Русија. Приходите во април во споредба со истиот период лани се намалени за 25%.

Според аналитичарите, недостигот на формати и неразвиената е-трговија влијаеле врз бизнисот на „Ошан“ во Русија, поради што резултатите на трговецот изгледаат разочарувачки во споредба со конкуренцијата.

Додека конкуренцијата има голема корист од корона-кризата и бумот на купување прехранбени производи, приходите на „Ошан“ се намалија за 25% во април и за 17% во мај во споредба со истите месеци претходната година. Прометот на продавниците се намалил од 25 до 66%.

Кризата најмногу ги зафати хипермаркетите на „Ошан“, додека супермаркетите забележаа пораст на продажбата. Според експертската анализа, овие загуби се припишуваат на фактот што голем број продавници на „Ошан“ се наоѓаат во трговските центри, кои беа затворени за време на пандемијата на коронавирус.

Изворesmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...