Свет

Групацијата X5 вработи 40.000 луѓе за време на пандемијата

26 May 2020

Групацијата X5 продолжи активно да ангажира работници за време на карантинот, така што ангажираа околу 40.000 луѓе во март и април за да ја задоволат зголемената побарувачка.

Најголем број вработени почнале со работа во малопродажниот синџир „Питерочка“, во кои се вработени повеќе од 33.600 лица во март и април, вклучително и персонал за подготовка на нарачки.

Персоналот во малопродажниот синџир „Перекресток“ се зголеми за речиси 3.900 лица. Околу 730 вработени почнаа да работат во транспортниот сектор на компанијата, а 1.287 нови работници се вработени на платформата Perekrestok.ru. Од компанијата велат дека вработувањето ќе продолжи и по нормализирање на епидемиолошката состојба. Во март, X5 привремено ангажираа работници од гостопримството и хотелскиот сектор кои или ги загубија своите работни места или бараат дополнителни приходи.

Според компанијата, фокусот е ставен на дигитализација на деловните процеси на компанијата, така што X5 активно вработува експерти за развој во ИТ секторот - во претходните два месеци беа ангажирани повеќе од 200 работници со јаки технички вештини.

Како што велат, главниот приоритет на компанијата останува безбедноста на вработените и клиентите. Дигиталната трансформација, која групацијата X5 ја спроведува од крајот на 2018 година, овозможи брзо реструктуирање на работата во новите услови и трансфер на 97% од вработените да работат од далечина. По извршената анализа, компанијата ќе донесе одлука за делумна транзиција на работењето од далечина и по укинувањето на воведените мерки поради коронавирусот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...