Свет

„Жапка“ нуди „клик & колект“ и достава до домот

22 мај 2020

Речиси 300 продавници на трговскиот синџир „Жапка“ нудат услуги „клик & колект“ и достава до домот, благодарение на кои полските купувачи можат да купуваат преку интернет и потоа да ги преземат производите или да ги добијат на домашна адреса.

Томаж Бличарски, потпретседател за финансии и за развој на „Жапка“ – Полска, вели дека услугите „клик & колект“ и достава до домот ги нудат речиси 300 продавници во мрежата на трговецот. Тоа значи дека компанијата ги нуди овие услуги во околу 5% од своите подружници.

Како што истакнуваат од компанијата, „Жапка“ дополнително ќе ги развива овие услуги.

На почетокот од април годинава трговецот најави дека почнува со тестирање на услугата „клик & колект“ во Варшава и во Познањ. Освен тоа, „Жапка“ во втората половина од 2020 година планира да лансира и купување по пат на апликација. Поради пандемијата со коронавирусот, компанијата значително ја забрза работата на проектот.

„Жапка“ – Полска е сопственик на најголемиот синџир продавници во земјата, со повеќе од 6.100 продажни места, како и повеќе од  4.300 франшизни продавници. Продавниците секојдневно ги посетуваат речиси 2 милиони купувачи, а 12 милиони живеат на оддалеченост не повеќе од 300 метри од најблиската „Жапка“.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



„Алди“ преминува на пластични палети

01 јун 2020

Германија подготвува пакет економски мерки вредни 80 милијарди евра

01 јун 2020

„Арамарк“ отвора продавници во болниците

01 јун 2020

На 15 јуни Велика Британија ќе ги отвори сите продавници

01 јун 2020

Грција од идното лето ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба

01 јун 2020

„Теско“ повторно ги воведува белите јајца

01 јун 2020
Вчитува уште новости...