Еден месец откако сите центри за дистрибуција во Франција беа затворени, „Амазон“ ги отвори повеќето свои објекти.
„Амазон“ во петокот објави дека има намера постепено да ги отвора сите погони, почнувајќи од 19 мај, бидејќи се договорија со синдикатите и работните групи за бараните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Несоодветната превенција беше една од главните причини за затворање на објектите кон средината на април.
Американскиот интернет гигант има шест главни магацини во Франција, во кои работат околу 10.000 работници. Сите шест објекти беа затворени по налог на Врховниот суд, бидејќи во спротивно компанијата ќе ризикуваше даплати екстремно високи казни.
Дури и по отворањето, „Амазон“ ќе направи ограничена испорака, бидејќи може да испорачува производи само од категориите храна, лекови, технолошки производи и храна за домашни миленици. Ако трговецот го прекрши овој договор, ќе се соочи со друга повеќемилионска казна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.