Северното крило на „Алди“ лансира нова кампања за регрутирање, насочена кон младите професионалци и кон тие што завршиле факултет.
Во кампањата се употребени два слогани: „Твојата иднина? Сигурна е!“ и „Несигурна иднина? Не и со нас!“, со кои се потенцира привлечноста на работата во овој трговски синџир како добар старт за почеток на кариерата.
Во ова време беше вообичаено да се одржуваат многу саеми за кариери и слични настани, кои поради пандемијата се откажани. Затоа, моравме брзо да пронајдеме нови начини за информирање на целтата група, соопштија од „Алди зид“.
Кампањата, која најмногу ќе оди на онлајн-каналите и на социјалните мрежи, се обидува да стигне и до родителите и наставниците. Затоа, во продавниците ќе се делат и лифлети и постери.
За да дојде во контакт со потенцијалните кандидати во текот на пандемијата, „Алди зид“ тестира нови методи за регрутирање, како што се интервјуа со видеоповици и учетва на онлајн-саеми за кариера.
Извор: esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.