„Кооп“ – Италија го претстави новото технолошко решение за купувачите, кое како што истакнуваат од компанијата, овозможува безбедно купување во време на корона-кризата.
Киоскот Coop е развиен за големите продавници и за супермаркетите, додека Coop Light е наменет за самоуслужно купување за продавниците со средно-голем формат.
Користејќи го системот на моделот „drive“, купувачите нарачуваат преку е-продавницата на „Кооп“ и плаќаат онлајн. Кога ќе дојдат да ги земат нарачките, идентификацијата се врши преку посебен QR или ПИН-код, а производите им се доставуваат до автомобилот.
Системот им овозможува на купувачите да изберат време кога ќе ги преземат нарачките и ги известува доколку одреден термин не е слободен.
Новото решение е веќе воведено во околу 30 продавници во околината на Пиемонт и Лигурија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.