Свет

„Лидл“ отвори ново регионално седиште во Мериленд

07 May 2020

Германскиот трговец „Лидл“ отвори ново регионално седиште и дистрибутивен центар во округот Сесил, Мериленд, кој ќе служи како ’рбет за регионалната мрежа на компанијата.

Проектот, во кој се инвестирани над 100 милиони долари, се очекува да отвори повеќе од 200 работни места со полно работно време.

Од компанијата соопштуваат дека објектот, на површина од 700.000 квадратни метри, ќе ги снабдува со производи продавниците во пет сојузни држави. Целта е да ги задоволиме потребите на потрошувачите што се појавија во текот на пандемијата на корона вирусот, истакнуваат од „Лидл“ – САД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...