Свет

Шпанците сакаат одржливи производи

07 мај 2020

Околу 44% од анкетираните потрошувачи во Шпанија престанале да купуваат производи за кои сметаат дека се неодржливи, покажуваат резултатите од извештајот на „Аекок шопервју“.

Според извештајот, прашањето за одржливост е особено важно за помладите купувачи на возраст до 34 години. Иако 80% од потрошувачите веруваат дека прашањата поврзани со одржливоста се релевантни, половината од нив веруваат дека не се доволно информирани за проблемот. Речиси 60% сметаат дека е тешко да водат одржлив начин на живот. На прашањето од кои извори се информираат потрошувачите кога одлучуваат дали производот е одржлив, шест од десет ги посочиле етикетите на производите, а 30% се информираат на продажните места.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...