Германскиот дисконтер „Лидл“ сака преку отворање на профил на социјалната мрежа Tik Tok да дојде до нови потенцијални вработени.
На почетокот на неделава, „Лидл“ отвори официјален профил на оваа популарна социјална мрежа.
Како што велат од компанијата, типичните кратки видео-записи со танцување, под мотото #Movelikelidl се осмислени да ги мотивираат луѓето да станат дел од тимот на „Лидл“.
Сакаме да покажеме што нè прави добри работодавци, колку е забавно да се работи во „Лидл“ и пред сè, кој стои зад #teamlidl, објасни Хауке Дене, директор на „Лидл“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.