Свет

„Амазон“ ќе отвора продавница без каси во Лондон

05 May 2020

Компанијата „Амазон“ планира ова лето да ја отвори првата продавница без каси во Лондон, а доставувач на прехранбени производи ќе биде британскиот трговец „Морисонс“.

Продавницата од 20.000 квадратни метри ќе функционира врз основа на технологијата Just Walk Out, која користи многу камери и сензори. Технологијата го детектира моментот кога купувачот го зема или го враќа производот на полица. Сметката на купувачот автоматски се ажурира, што значи дека нема чекање во редица за плаќање.

Освен тоа, „Амазон“ објави дека технологијата Just Walk Out ќе ја користи и ОТГ, компанија што работи со повеќе од 350 ресторани и продавници на аеродромите во Северна Америка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...