Коосновачот на PayPal, Макс Левчин, верува дека по пандемијата многу луѓе ќе престанат да размислуваат за купување во физичките продавници.
Според него продавниците ќе останат, но нивната улога ќе доживее фундаментални промени, бидејќи ќе постојат практични и брзи купувања преку интернт.
Левчин додава дека во блиска иднина компаниите ќе мора да го преиспитаат управувањето со продавнците, бидејќи купувачите нема лесно да се вратат во продавниците и нема да се откажат од практичноста при интернет-купувањето. Претпоставува дека еден од најпопуларните формати за купување ќе биде преку интернет-нарачување со дополнителна испорака на местото на преземање. Овој формат бара вложување во софтвер кој ќе ги снабдува малите трговски синџири со иста технологија и инфраструктура што ја користат „Ејпл“ и „Амазон“.
Во моментот трговците се соочуваат со задача за пронаоѓање на рамнотежа меѓу погодностите во купувањето, директно присуство на една личност во трговскиот простор и безбедноста на купувањето преку интернет. За да го направат тоа, компаниите ќе треба да разгледаат нови начини за користење на недвижниот имот што го имаат на располагање, вели Левчин. Според него, пандемијата ги забрза промените во индустријата што почнаа одамна.
Можеби во блиска иднина, синџирите за храна и облека ќе почнат со користење на продавници повеќе како места за примање и за нарачки, отколку како места за купување, а малите трговци на мало ќе треба да инвестираат во нови технологии.
Се вчитува следна вест...