Американскиот гигант за е-продажба „Амазон“ им соопшти на вработените дека можат да работат од дома сè до 2 октомври.
Во соопштението на компанијата не е прецизирано на кои сектори се однесува тоа и на колку работници се однесува.
Истовремено, од компанијата ги применуваат сите безбедносни мерки за вработените што сакаат да се вратат во канцелариите. Се применува физичко дистанцирање, редовно мерење на телесната температура, дезинфекција на просториите, како и снабдување со соодветни количества дезифициенси.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.