Свет

MOT: Половина од светската работна сила може да ги изгуби приходите

30 Apr 2020

Најновите податоци на МОТ за влијанието на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 врз пазарот на трудот покажуваат поразителни ефекти врз работниците во неформалната економија и стотитици милиони компании низ светот.

Од Меѓународната организација на трудот предупредуваат дека 1,6 милијарди работници во неформалната економија - што е речиси половина од глобалната работна сила - се соочуваат со непосредна опасност од губење на приходот за живот, предупредува.

Според „Третото издание на Мониторот на МОТ: КОВИД-19 и светот на работата“ во споредба со нивоата пред кризата (Т4 2019), сега се очекува влошување од 10,5 проценти, што е еквивалентно на 305 милиони работни места со полно работно време (при 48-часовна работна недела). Претходната процена беше пад од 6,7 проценти, што е еквивалентно на 195 милиони работници со полно работно време.  Ова е резултат на продолжување и проширување на мерките на вонредна состојба.

Првиот месец од кризата се проценува дека резултираше со пад од 60% во приходот на неформалните работници на глобално ниво. По региони - пад од 81 процент во Африка и Северна и Јужна Америка, 21,6 проценти во Азија и Пацификот, и 70 проценти во Европа и Централна Азија.

Без алтернативни извори на приход, овие работници и нивните семејства немаат средства да преживеат.

Од друга страна МОТ истакнува дека и компаниите се во ризик. На светско ниво, над 436 милиони компании се соочуваат со голем ризик од сериозни прекини. Овие компании работат во најпогодените економски сектори, вклучително околу 232 милиони во трговија на големо и мало, 111 милиони во производство, 51 милиони во угостителство и туризам, и 42 милиони во недвижности и други деловни активности.

Со развојот на пандемијата и кризата со работните места, потребата да се заштитат најранливите е сè поитна, вели Гај Рајдер, директорот на МОТ. За четири милиони работници, немањето приходи значи немање храна, сигурност и иднина. Милиони компании низ светот едвај дишат. Немаат заштеди, ниту пристап до кредити. Ова се вистински лица на светот на работата. Ако не им помогнеме на овие претпријатија сега, тие едноставно ќе исчезнат.

МОТ повикува на итни: зголемување на бројот на работни места, поддржани со посилни политики и институции за вработување, сеопфатни системи за социјална заштита со подобри ресурси. Меѓународната координација на пакетите за стимулација и мерките за олеснување на долговите, исто така, ќе бидат критични за ефективно и одржливо заздравување. Како рамка може да послужат меѓународните стандарди за трудот, кои веќе имаат статус на трипартитен консензус.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...