„Хајнекен“ извести дека на резултатите од продажбата на пиво во голема мера влијаело избивањето на вирусот корона, при што глобалното количество во март се намалило за 14%.
Во првиот квартал годинава, пивата на „Хајнекен“, вклучувајќи ги Heineken, Amstel и Sol, забележале намалена волуменска продажба за 2,1%. Во март количеството продадено пиво во Америка, најголемиот пазар на „Хајнекен“, забележал пад за 13,8%, во Западна Европа за 15,3%, во Африка, Блискиот Исток и во Источна Европа за 14,5%, а во Азиско-пацифичкиот Регион – за 10,6%.
На добивката на пиварницата во голема мера влијаело проширувањето на Ковид-19. Во првите три месеци од 2020 година, нето-добивката изнесувала 94 милиони евра, што претставува пад за 68% во споредба со 299 милиони евра, колку што беа забележани во истиот период во 2019 година.
Извор: foodbev.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.