Претставници на трговскиот синцир „Казино“ му продадоа на „Алди“ 567 свои продавници под брендот „Лидер прајс“.
Како што извести агенцијата „Ројтерс“, двете страни се договорија за цена од 735 милиони евра за продавниците „Лидер прајс“, кои во 2018 година му донесоа приход на „Алди“ од 2,5 милијарди евра.
„Алди“ сега има 900 продавници во Франција. „Казино“ во моментов е во процес на продажба на своите недвижности вредни 2 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.