Францускиот трговец „Карфур“ во Полска ја претстави платформата која проценува дали има метеж во нивните објекти, а таа е достапна на нивната веб-страница.
Овој потег е дел од иницијативата „Внимавај на себе, внимавај на другите“ која на купувачите им помага да проценат колку луѓе може да се очекува да ги посетат продавниците на „Карфур“.
На трговецот за реализација на овој проект му помогнаа технолошките компании „Синерсе“ и „К2 Прецисион“: Нудење информации за потенцијалниот метеж во продавниците придонесува за уште еден чекор поблиску во нашите продавници, изјави Михал Саша, директор за маркетинг и дигитална продажба.
Системот врши предвидувања врз основа на податоците што ги презема „Синерсе“ во повеќе од 900 продавници на „Карфур“ во Полска, во последните неколку недели.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.