Гигантот „Амазон“ гради сопствена лабораторија со цел да ги тестира своите вработени на вирусот Ковид-19.
Компанијата е принудена на овој чекор затоа што постоечките капацитети за тестирање се покажаа недоволни, а вирусот веќе се прошири во повеќе од 50 објекти на „Амазон“ во САД. Тоа е многу неповлно во период кога има зголемен број нарачки и секој работник е потребен на своето работно место.
Почнавме со составување на опремата која ни е потребна за да ја изградиме првата лабораторија и се надеваме дека наскоро ќе започнеме со тестирање на мал број наши вработени кои се во првите редови, соопштија од „Амазон“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.