Свет

Пивото Corona изгуби 132 милиони фунти за два месеци

03 Apr 2020

Пандемијата со коронавирусот предизвика економски пад на глобално ниво,а компанијата која е сопственик на пивото Corona преживува голема криза бидејќи овој бренд го дели називот со вирусот од кој стравува цел свет. 

Во последните два месеци, откако вирусот се прошири во Кина, компанијата изгуби 132 милиони фунти во време кога очекуваше силен скок на продажбата поради Кинеска нова година. 

Ова е најлошо работење на Corona во последните десет години. 

Истражување покажа дека дури 38 отсто Американци не сакаат да го купуваат ова пиво,додека на „гугл“ се популарно е пребарувањето „корона пиво вирус“ што му наштетува на брендот. 

Покрај називот, што му штети на брендот, загубата е поврзана и со изолацијата бидејќи луѓето помалку излегуваат и се дружат. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...