Свет

Пиварниците и дестилериите произведуваат средства за дезинфекција

25 Mar 2020

Пиварниците и дестилериите низ цела Европа ги користат производствените погони за да направат средства за дезинфекција на рацете и да помогнат во борбата против вирусот корона.

„Брев дог“, „Леит џин“, „Вердант спиритс“ и „Перно Рикар“ се вклучени во напорите за зголемување на производството на средства за миење раце, кои во многу земји станаа реткост поради зголемената побарувачка. Некои дестилерии во САД најавија дека и тие ќе ги вложат истите напори.

„Брев дог“ минатата недела објави дека ќе почне со производство на средства за хигиена на рацете во пиварницата во Шкотска.

Уште една шкотска компанија – „Леит џин“, се огласи преку соопштение: Го сопревме производството на жестоки пијалаци и произведуваме силни санитарни средства за тие на кои им се најпотребни во нашата локална заедница. Дестилеријата апелираше и за донација на мали пластични шишиња што ќе ги користи како амбалажа.

„Вердант спиритс“, дестилерија со седиште во Данди во Шкотска, се приклучи во напорите, објавувајќи повик за донација: Од нас се бара привремено да го смениме производството за да направиме средства за дезинфекција на раце за нашите локални здравствени работници.

Во Франција, од компанијата „Перно Рикар“ рекоа дека ќе донираат 70 илјади литри чист алкохол за производство на средства за чистење. Компанијата соработува со „Лаборатор Купер“, главен доставувач на средства за дезинфекција на раце во аптеките во Франција. Филијалите на „Перно Рикар“ во Шведска, Ирска, Шпанија и во САД, исто така ќе придонесат за локалните напори за зголемување на производството на средства за дезинфекција на раце.

На овие напори им се приклучија и „Рабит хол“ (Кентаки), „Смут Амблер“ (Западна Вирџинија) и брендот TX Whiskey во САД, како и други компании во Шведска и во Ирска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...