Холандскиот произведувач на пиво „Хајнекен“ најави дека ќе вложи 183 милиони долари во проширување на пиварницата во Бразил, најавувајќи пожестока конкуренција на белгискиот „ИнБев“.
Компанијата ќе ги вложи парите во оваа и во следната година и ќе се фокусира на брендовите Heineken i Amstel. Детали за инвестицијата не се соопштуваат, освен прогнозата дека производството ќе порасне за 75 отсто.
Одлучивме сите инвестиции од нашиот стратешки план да ги спроведеме една година порано. Бразил ни е клучен пазар, соопштија од „Хајнекен“.
И покрај бавното закрепнување на бразилското стопанство, вториот најголем производител на пиво во светот одлучи да го прошири производството на пазар кој му е поважен за продажба од САД и од Европа.
Сега, „Хајнекен“ држи 22 отсто од бразилскиот пазар на пиво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.