Свет

„Амазон“ ги продава автоматските каси на други трговци

11 Mar 2020

Американскиот трговец „Амазон“ покренува нов бизнис-ја продава својата технологија која стои зад уредите кои автоматски ги наплаќаат купените производи од маркетите. 

Од „Амазон“ соопштија дека веќе склопиле неколку такви договори со купувачи кои компанијата одби да ги именува. 

Новата интернет страница на „Амазон“ веќе ги повикува заинтересираните партнери да поднесат барање за овој вид современи автоматски каси, наречени „Само излезете“. 

Ширењето на бизнисот ја одразува стратегијата на трговецот за изградба на интерни можности-како што се магацини кои сами помагаат во испораката на пакети и технологијата „облак“ која им служи на продажните интернет страници, а потоа ги претвора во вносни услуги што им ги нуди на други клиенти. 

Се проценува дека пазарот на малопродажбата без каси може да порасне на дури 50 милијарди долари. 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...