Интернет трговецот „Амазон“ ги ограничи деловните патувања на своите вработени во Италија, Иран, Јапонија и Јужна Кореја поради глобалната епидемија со корона вирусот. Ограничувањето засега е определено до крајот на април.
Трговецот побара од вработените да ги одложат непотребните патувања, вклучувајќи ги и оние внатре во САД.
Неодамна, од истата причина, „Амазон“ ја откажа и интернет конференцијата што требаше да се одржи во Лас Вегас. Покрај тоа, трговецот ја прекина праксата интервјуата за нови вработени да се прават лично и сега ги спроведува по пат на видео-повик.
Истите ограничувања за патувања на вработените ги наложи и „Гугл“.
„Амазон“ минатата година потроши 220 милиони долари на трошоци поврзани со службените патувања.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.