Свет

(ВИДЕО) „Амазон“ го претстави новото возило за достава

13 Feb 2020

Амазон“ го претстави новото, иновативното електрично возило со кое компанијата ќе ги доставува своите пратки ширум светот. 

Претставени се три различни модели со оглед на нивната носивост, но и видот на погонот. Во подрачјата со посурова клима возилата за достава на „Амазон“ ќе имаат погон на сите четири тркала, додека пак стандардните изведби ќе бидат опремени со погон на тркалата од предната оска. Сето преостанато ќе биде стандардизирано, а тоа и не треба да изненадува бидејќи веќе е направена голема нарачка од дури 100.000  примероци на тие возила.

Производството и испораката на оваа огромна флота на електрични возила ќе се одвива во временски период од наредни 10 години, заедно со стандардните модели на производителот - pick up и  SUV моделите.

Погледнете:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...