Холандски „Хајнекен“ ги зголеми приходите и добивката во 2019 година и предизвика двоцифрен пораст на продажбата во Бразил, Виетнам и Камбоџа.
Нето приходите на „Хајнекен“ за ланската година пораснаа 6,6 отсто, на 23,97 милијарди евра. Нето добивката се зголеми за 13,2 отсто, на 2,17 милијарди евра.
Продажбата пак, на брендот Heineken скокна за 8,3 отсто, што е најсилен скок во последната деценија.
Од компанијата соопштија дека резултатите во Африка, во средна Европа и на Блискиот исток се подобри од очекуваните.
Во 2020 година се очекуваат зголемени приходи на основа на зголемен обем на продажба и на повисоки цени, како и на свртувањето на купувачите кон поскапи видови пиво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.