Џеф Безос продаде акции на неговата компанија „Амазон“ за речиси 2 милијарди американски долари.
Во претходно договорената продажба во петокот и во понеделникот, основачот и извршниот директор на „Амазон“ продаде 905.456 акции за вкупна вредност од 1,84 милијарди долари, покажуваат податоците на Комисијата за хартии од вредност. Во вторникот, акциите на „Амазон“ се зголемија за 2,27 отсто.
Минатиот август, Џеф Безос продаде акции на Амазон за скоро 3 милијарди американски долари, во време кога гигантот за е-трговија го претрпе својот најлош период на загуба за 13 години.
Иако е нејасно каде точно одат парите од продадените акции, во 2018 година, Безос рече дека вложува околу 1 милијарда американски долари од личните средства годишно во неговиот приватен вселенски потфат.
Според индексот „Милијардери на Блумберг“, Џеф Безос останува најбогат човек на светот со своите 127 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.